KAMAi MEDIA

KAMAi MEDIA KAMAi MEDIA is a game development studio based in Bitola, Macedonia.

Разигра се враќа во понова, поголема и подобрена верзија. Од 11-13 Септември, ќе се одржи ново издание на најдобриот геј...
30/08/2026

Разигра се враќа во понова, поголема и подобрена верзија.

Од 11-13 Септември, ќе се одржи ново издание на најдобриот гејмџем од оваа страна на Андромеда. Овојпат поголем од лани, поголем од Глобал Гејм Џем, поголем од пре-оземпик Опра!

Бројот на натпреварувачи е ограничен на 100, затоа кој сака да учествува нека се пријави на нашиот вебсајт:

www.razigra.com

Таму има инструкции за тоа како да се пријавиш, како да се приклучиш на организацискиот дискорд и како да си најдеш тим.

Во следните денови ќе најавиме повеќе детали за трите натпреварувачки дена, потенцијални гости, спонзори и награди.

Споделете и раширете.
Од следната недела доаѓаме со добрата вест во вашето школо, како мормонски мисионери.

Се подготвува нова реконструкција од нас, овојпат на еден локалитет во Охрид.Ова е неедитиран скриншот директно од едито...
19/08/2026

Се подготвува нова реконструкција од нас, овојпат на еден локалитет во Охрид.

Ова е неедитиран скриншот директно од едиторот на Unreal Engine, не е ни 60% готов ентериерот на црквата, а веќе изгледа вака.

Буквално не постои друга фирма во светот што може да произведе ваков квалитет на реконструкција, точен до милиметар, и реалистично изрендериран.

Новости од нас - денес го објавуваме новиот правец на кој тајно работиме веќе повеќе од година дена за нашиот проект Ang...
05/08/2026

Новости од нас - денес го објавуваме новиот правец на кој тајно работиме веќе повеќе од година дена за нашиот проект Angelic : Dark Symphony. Објавата е дека веќе работиме на singleplayer компонентата, што е силно наративно водена кампања која се фокусира на хероите во играта, и се одвива во мрачниот sci-fi свет во кој се наоѓаат. Ова не е на татко ти играта - овде има истурени утроби, крвишта и отсечени екстремитети, сето тоа завиткано во епска приказна која се протега низ цел универзум.

Во минатите месеци снимавме глумци тука во Македонија за ликовите во играта, и една од откритијата беше нашата глумица Dimitrina Mickoska која толку добро ја отелотвори главната хероина, што освен анимациските покрети и го позајмивме и гласот, скоро непроменет (таа е црвенокосата хероина со словенско потекло). Снимавме и други, се надеваме да продолжиме и понатаму.

Проектов долго го работиме, помина низ многу фази, премрежија и реинтерпретации. Но конечно мислиме дека ја добива својата конечна форма.

Ова не е некое игриче - ова е сериозен AAA проект кој принципиелно е продукција на талент од Македонија во копродукција со нашите партнери во Турција, Русија, Иран (да, тој Иран), Германија, Шри Ланка, Бангладеш и други! Долго време работиме да ја ставиме Македонија на светската мапа за популарна култура - и на крај којзнае колку ќе ни успее, ама нема да престанеме да се трудиме.

Во играва, освен со технологија и програмерски талент, работиме и на гејм дизајнот, графичкио дизајн и наративот!

Don't miss the Cinematic Teaser Trailer for Angelic: Dark Symphony,...

13/07/2026

КАМАј МЕДИА бара кандидат за менаџер на канцеларија за нашата локација, во Битола.

Обврските вклучуваат:
1. Логистичка поддршка за оперирањето на нашата канцеларија со 20+ вработени во неа.
2. Набавка на потрошен материјал во врска со оперирањето на канцеларијата и комуникација со добавители на роба и услуги.
3. Навремено плаќање на оперативните трошоци на канцеларијата, планирање и оптимизирање на работата на канцеларијата со минимизирање на трошоците.
4. Организација на канцелариски настани и работа со надворешни лица
5. Организирање на персонал за одржување висок стандард на организација и хигиена во канцеларијата
6. Поддршка за сите иницијативи на компанијата, без разлика дали се поврзани со компаниски проекти или друго
7. Координација и менаџмент на компанискиот хаус-мајстор
8. Помош при проектното планирање на компаниските проекти.

Идеалниот кандидат/кандидатка ќе биде енергичен, само-мотивиран, високо организиран и редовен. Искуство во комуникација со луѓе е плус.

Работното место е во канцеларија, полно работно време (40 часа неделно), на неодреден период.

Вашите апликации поднесете ги на [email protected]

Правилната имплементација на модификаторите беше клучна за успехот на тимовите и нивните игри  #разигра2026
25/02/2026

Правилната имплементација на модификаторите беше клучна за успехот на тимовите и нивните игри #разигра2026

 #разигра2026 муабети:  Прво паднаа тешки муабети со тајниот гостин - Pero The Cоlera, a потоа се разговараше за влијани...
25/02/2026

#разигра2026 муабети: Прво паднаа тешки муабети со тајниот гостин - Pero The Cоlera, a потоа се разговараше за влијанието на ВИ врз гејминг индустријата.

The gems of our jam -нашите волонтери кои со својата целосна посветеност се погрижија за беспрекорно функционирање на на...
20/02/2026

The gems of our jam -нашите волонтери кои со својата целосна посветеност се погрижија за беспрекорно функционирање на настанот.

Last but not least: Young Black & Gifted-надарените кои си го оправдаа името.
20/02/2026

Last but not least: Young Black & Gifted-надарените кои си го оправдаа името.

Не заборавивме никој! Последен ден од претставувањето на тимовите на  #разигра2026 : нашиот one man show Владо т.е. тим ...
13/02/2026

Не заборавивме никој! Последен ден од претставувањето на тимовите на #разигра2026 : нашиот one man show Владо т.е. тим Битолски Протокол

Address

Македонска Фаланга (старо Прогрес)
Bitol
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when KAMAi MEDIA posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to KAMAi MEDIA:

Shortcuts

Share