12/03/2026
Тивиус AI е нова услуга која ја нудиме како дел од нашата палета на комплетна дигитализација за компаниите, организациите и институциите.
Многу од нив денес трошат премногу време на повторливи активности и задачи. Со правилна, паметна и безбедна автоматизација, тие може да заштедат многу време и ресурси, кои може да се насочат кон многу покреативни и попродуктивни процеси и задачи.
Дополнително, можностите со AI агентите се уште посеопфатни. Сортирање на документација, автоматизирани одговори, анализа на податоци и автоматски извештаи. Ова се само дел од функциите кои може да ги прави еден AI агент.
Користејќи напредни AI алатки и технологии, Тивиус нуди изградба, поставување и интеграција, и секако одржување на AI системи и агенти.
Агентите кои работат врз база на вештачка интелегенција, не се само нов технолошки тренд. Тие се преобразувачка технологија, која, ако правилно и контролирано искористена, може да го преобрази општеството и неколкукратно да ја зголеми продуктивноста.
Токму тоа е нашата мисија. На македонската економија и тоа како и е потребна зголемена продуктивност и оптимизација на процесите.
Откријте повеќе на нашата нова веб страна: https://tivius.com/