10/05/2022
Во светот денес IT не е само кратенка, туку е дел од нашите секојдневни животи. Со текот на годините компјутерите го променија начинот на комуникација на луѓето, начинот на кој функционираат бизнисите, а општествата еволуираат.
Дигит компјутерски инженеринг од своите почетоци се стремел кон стабилен развој и напредок преку спроведување на најсовремени концепти како што е постојното образование на човековите ресурси. Пристапот на нашата компанија се базира на присутноста и големото влијание на IT со цел да се подобри конкурентноста на нашите бизнис клиенти и да се одговори на животниот стил на нашите крајни корисници. Како клучен фактор за развој, ефикасност и подобар квалитет на животот, информациската технологија е во самата основа на нашиот бизнис модел.
Нашата цел е да им обезбедиме на клиентите важни компоненти за рационализирање на бизнис процесите, подобрување на успешноста и одржливоста, поттикнување на развојот и охрабрување на иновациите. Според нас партнерството не е само долгорочна врска, туку е пред се, волја да им се помогне на клиентите во нивниот развој. Ова го постигнуваме преку динамични решенија што еволуираат со текот на времето и со потребите на клиентите.
Нудиме најсовремени хардверски решенија од светски водечките производители, вклучувајќи ги Epson, Zebra, Datalogic, Honeywell, Citizen, Elo, Armor I Toshiba. Нашата понуда вклучува печатачи, POS терминали и големоформатни печатачи, преку бар-код читачи, придружни компјутерски делови и мрежна опрема, па се до преносни компјутери, сервери и најмодерни работни станици. Исто така обезбедуваме целосна гаранција, постгаранција и целосни сервисни решенија исклучиво базирани на оригинални резервни делови од самите производители.
Покрај широкиот спектар на хардверски производи, имаме и софтверски инженеринг тим кои што изработува апликативен софтвер по нарачка на клиентите. Како клучна компонента на денешниот бизнис ERP софтверот е нашата главна експертиза. Помеѓу другите услуги нудиме модули за човечките ресурси, финансии, сметководство и производи според потребите и по нарачка на клиентите.
Дигит компјутерски инженеринг е тука за Вас, подготвен да го започне патувањето на долгорочно партнерство!