05/05/2026
Со задоволство споделуваме дека Sigma-SB е спонзор на „Генерација со визија – Професија со иднина“, Трета регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, кој го организира Институт на сметководители и овластени сметководители
📍 Скопје | 6 мај 2026 | Хотел „Александар Палас“
На конференцијата ќе учествува и нашиот Генерален директор Slavcho Bujaroski со сопствена презентација на тема: „Електронска архива и еФактура за македонските компании“, со фокус на практични аспекти од дигитализацијата, меѓу кои:
- Како до УЈП-валидирана еФактура, без промена на ЕРП софтвер и без трошоци за имплементација?
- Како до поефикасни процеси и помал административен товар?
- Како до подобра трага и контрола на документи?
- Како до подготвеност за современи регулативи и стандарди во работењето?
Доколку работите во сметководство, финансии или управување со документи или сте сопственик на бизнис и сакате да дознаете повеќе за еАрхива и еФактура — ќе ни биде драго да се видиме и да размениме искуства на штандот на Sigma-SB.
Се гледаме!