25/08/2026
Од 6. до 7. Германско-македонска конференција за контролинг — продолжуваме со уште посилна програма, нови теми и искуства од домашни и меѓународни експерти.
Хајделберг Факултет – Скопје ќе биде домаќин на еднодневна конференција посветена на актуелните предизвици во контролингот, со фокус на вештачката интелигенција, дигитализацијата, новите компетенции, управувањето со ризици и улогата на контролингот во различни индустрии.
Меѓу учесниците и говорниците се истакнати професионалци од финансискиот и консултантскиот сектор, меѓу кои и претставници на Кромберг и Шуберт, Horváth International и Siemens Advanta Consulting, кои ќе споделат конкретни искуства и перспективи за иднината на професијата.
📅 30 септември 2026
⏰ 09:30–16:00
📍 Хајделберг Факултет – Скопје
📝 Пријавување до 29 септември
За учесниците кои ќе се пријават преку AHK Nordmazedonien и преку ИСОС е обезбедено 50% субвенционирање на котизацијата.
https://ibmhs.eu/7th-german-macedonian-controlling-conference/
⚠️ Бројот на учесници е ограничен.