Благодарение на долгогодишното искуство во геодетската професија, се имаме ползувано со широк дијапазон на геодетска опрема и програмско обезбедување.
Водени од потребата за збогатување на понудата на геодетска опрема во Република Македонија, донесовме одлука да понудиме неколку проверени брендови од тој ресор. Нашиот избор ги опфати следните производители:
SOUTH–Кина , производител на висококва
литетна геодетска опрема ( Тотални станици, ГПС-ГНСС приемници, нивелири , ласерски производи и цел асортиман на додатна опрема кон горенаведените производи). Од неговото основање во 1989 година до денес , израсна во број еден кинески производител на геодетска опрема и во исто време го зазема високото четврто место во светот. NEDO –Дорнштатен Германија , веке повеке од 110 години производител на висококвалитетна опрема која се одликува со иновативност, сигурност , привлечен дизајн и разумни цени. Спектарот на производи на оваа фирма опфаќа производи за градежно занаетчиство,градежни ласери и додатна опрема за нив ,нивелири , теодолити , стативи и останата додатнагеодетска опрема. geo-FENNEL –Баунатал Хесе Германија е веќе потврдено име во светот на геодезијата. Во денешно време само ја има надоградено и усовршено технологијата на производство на Геодетска опрема и додатоци кон неа , како и на ласерски производи од типот на ротирачки ласери , вкрстени и линиски ласери и должинометри . Од овој производител посебно би сакале да ја издвоиме ECOLINE гамата на производи, која се одликува со исклучителен баланс на цени и квалитет. BMI– Херсбрук Германија , повеќе од 60 години е лидер во производството на висококвалитетни мерни инструменти меѓу кои ние сакаме да дадеме акцент на мерните ленти (пантлики) и џепните метра. Radiodetection–Бристол Велика Британија е мулти-технолошка компанија која од 1970 година активно се занимава со изнаоѓање на најповолни решенија во областа на лоцирање на подземни инсталации.Гамата на производи на оваа фирма опфаќа од локатори на цевки и кабли до ГПР уреди. MicroSurvey Software Inc.- Западна Кевлона Канада е софверска компанија која од 1985 година се занимава со создавање на софтвер кој претежно е наменет за геодети , градежни инженери и реконструктори на несреки. Од 2012 година оваа компанија е во состав на Hexagon од Шведска. Од големиот избор на програми избравме да Ви го понудиме MicroSurvey CAD и MicroSurvey FieldGenius.