18/08/2026
Со големо задоволство го најавуваме Shark Systems како спонзор на 5-тата Годишна Соларна Конференција 2026!
ШАРК СИСТЕМС е македонска компанија специјализирана за проектирање, изградба, пуштање во работа и одржување на фотоволтаични системи и соларни електрани, како и за имплементација на современи Battery Energy Storage Systems – BESS.
Со богато практично искуство и учество во реализација на фотоволтаични проекти со вкупна инсталирана моќност од над 100 MW, компанијата располага со значајно искуство во изведба и техничка поддршка на комерцијални и големи индустриски енергетски проекти.
Нивната експертиза опфаќа:
🔹 проектирање и изградба на фотоволтаични електрани
🔹 инсталација и пуштање во работа на соларни инвертери
🔹 батериски системи за складирање енергија – BESS
🔹 EMS, мониторинг и системи за управување со енергија
🔹 интеграција на паметни броила, системи за мониторинг, комуникација и далечинско управување
🔹 сервис, дијагностика и техничка поддршка
🔹 решенија за комерцијални, индустриски и големи енергетски проекти Со фокус на квалитет, сигурност и примена на најновите технологии, ШАРК СИСТЕМС активно придонесува кон развојот на обновливите извори на енергија и модернизацијата на енергетскиот сектор во Македонија и регионот.
Запознајте го тимот на ШАРК СИСТЕМС на 5-тата Годишна Соларна Конференција, на 23–24 септември 2026 година во Hotel Aleksandar Palace, Скопје, и дознајте повеќе за нивните реализирани проекти, искуството со големи фотоволтаични централи и најновите решенија за складирање и управување со енергија. Повеќе информации за 5тата Годишна Соларна Конференција
https://solar.org.mk/solarconference/
Регистрација за присуство на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSduDEttSppUYJB3h0lGfakR7LgnlSzcFFYZ3aPPjzY39C7HsQ/viewform